Собрание

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

25.03.2026 08:38

Собраниската комисија за избори и именувања во јануари годинава поништи еден оглас за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата за пристап до информации од јавен карактер бидејќи на огласот беа пријавени само двајца кандидати, кои не доставиле комплетна документација...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог – одлуката за именување на директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата – Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер од 25 декември минатата година не работи откако тогаш на претходната директорка на Агенцијата Пламенка Бојчева и завршила мандатот.

Собраниската комисија за избори и именувања во јануари годинава поништи еден оглас за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата за пристап до информации од јавен карактер бидејќи на огласот беа пријавени само двајца кандидати, кои не доставиле комплетна документација.