САД тврдат дека ја добиле војната против Иран
Белата куќа додава дека водечките дипломати, Венс и Рубио, преговараат со Иран за да се стави крај на конфликтот...

САД тврдат дека ја добиле „војната“ против Иран и дека Техеран се согласил никогаш да не поседува нуклеарно оружје. Белата куќа додава дека водечките дипломати, Венс и Рубио, преговараат со Иран за да се стави крај на конфликтот.
„Тие би сакале да постигнат договор. Можеме да направиме што сакаме, но се воздржавме поради преговорите. Тие се согласија дека никогаш нема да имаат нуклеарно оружје“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
Според извештаите во медиумите, Вашингтон му предал на Иран мировен план од 15 точки, сличен на оние што ги применуваа во Газа и Либан. Техеран останува скептичен кон намерите на САД.
„Може ли некој да верува дека нивните тврдења за дипломатија кога тие ја започнаа оваа војна и продолжуваат да нè напаѓаат“, изјави Есмаил Багаеи – портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран.
Оптимизмот на Трамп доаѓа додека околу илјада американски војници се распоредуваат во регионот, наводно за повторно отворање на Ормускиот теснец. Тел Авив потврди дека не учествува во преговори со Техеран и продолжува со воените операции, додека при напад на Хезболах врз Израел е пријавена првата жртва. Републиканците повторно ја отфрлија резолуцијата со која се бараше одобрение од Конгресот за идни воени акции на САД против Иран.
