Украина

Зеленски: Русија не сака крај на војната

25.03.2026 10:23

Претседателот Зеленски обвини дека Русија нема намера да ја заврши војната, по еден од најмасовните руски напади во Украина во кој загинаа неколку луѓе...

Претседателот Зеленски обвини дека Русија нема намера да ја заврши војната, по еден од најмасовните руски напади во Украина во кој загинаа неколку луѓе, а десетици се повредени. Во Лавов беше погодена историска црква од 17 век под заштита на УНЕСКО.

„Размерот на овој напад јасно покажува дека Русија нема вистинска намера да ја заврши војната. Без дополнителен и силен притисок врз Русија, во Москва, нема да имаат желба да се оддалечат од конфликтот“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

Трамп изрази надеж дека Русија и Украина се блиску до договор и дека лидерите наскоро ќе се сретнат, но Кремљ нагласува дека Киев прво мора да го реши легитимитетот на Зеленски.