Парламентарните избори во Данска без јасен победник
Предвремените парламентарни избори во Данска без јасен победник, оставајќи ја иднината на премиерката Мете Фредериксен неизвесна...

Предвремените парламентарни избори во Данска без јасен победник, оставајќи ја иднината на премиерката Мете Фредериксен неизвесна. Нејзините социјалдемократи освоија најмногу гласови, но без мнозинство, а ниту левицата ниту десницата не обезбедија доволна поддршка.
Клучна улога во формирањето влада се очекува да има поранешниот премиер Расмусен, кој најави соработка од центарот. Следуваат преговори за стабилна влада.
„Се надевав на подобар резултат, но очигледно е дека социјалдемократите остануваат претпочитана партија на Данците. Разбирам ако во моментов имате измешани чувства – и јас имам. Но, на Данска ѝ е потребна стабилна влада и ние сме подготвени да ја водиме“, изјави Мете Фредериксен – премиерка на Данска.
„Стоиме во центарот. Не трчајте кон крајностите. Ние сме во средината – таму каде што играта е најинтересна. Мора да се обединиме и да работиме заедно“, изјави Ларс Локе Расмусен – лидер на партијата на Умерените.
Парламентот има 179 пратеници, од кои по двајца се од Гренланд и Фарските Острови. И покрај тензиите со САД околу Гренланд, кампањата беше фокусирана на економијата и животниот стандард.
