Нема полетувања и слетувања на ,,Александар Велики“
Густата магла, втор ден го блокира македонскиот авиосообраќај. Над 15 летови се откажани од ,, Александар Велики“ . Слетувањата се пренасочуваат на аеродромите во Охрид, Белград и Софија. Некои од граѓаните кои патуваа на подалечни дестинации, добија и хотелско сместување.
- Останав два дена на аеродромот. Патувам за Истанбул.Сепак не е толку страшно .
-Патувам за Турција ,немам информации што се случува .
-Сега дојдовме .Не ни кажуваат каде ке одиме веројатно за Софија .

-Дојдов пред еден час, треба да патувам за Тревизо немам информации колку ке чекам имам претчувство дека летот нема да се реализира .
Од „Александар Велики“ беа откажани десет планирани полетувања кон европските метрополи, а поради влошените временски услови не слетаа шест авиони. Авионот од Белгарад кој требаше да слета после пладне се врати назад , а авионот од Истанбул беше пренасочен на Охридскиот аеродром.
Проблемите во авиосообраќајот ќе завршат кога временските услови ќе се нормализираат. Утре се очекува мало намалување на маглата, а во наредните денови повторно густа магла.
Дијана Ценевска