Започна академската година

15.09.2014 16:52

Голема изборност на предмети, зголемена мобилност со факултети од странство, практична работа – деканот ги запозна бруцошите со правата и можностите...

Со интонирање на студентската химна, на Економскиот факултет, им беше посакано добредојде на новите студенти. Највисоко рангираните, со ентузијазам работат на остварување на плановите.

„УКИМ бидејќи е најдборо рангираниот универзитет во нашата земја, очекувам да ми ги исполни сите надежи... Одбрав финансиски менаџмент бидејќи мислам дека ќе ми помогне порофесионално да се надградам“, велат бруцошите.

Голема изборност на предмети, зголемена мобилност со факултети од странство, практична работа – деканот ги запозна бруцошите со правата и можностите.

„Факултетот овозможува преку потпишување на договори со над 900 фирми да може да стекнете практично искуство во работењето“, изјави проф. д-р Љубомир Дракулевски – декан на Економски факултет.

Ректорот Стојковски порача дека знаењето, идеалите на науката, хуманизмот и автономијата се начелата на кои се темели најстариот и највисоко рангирани универзитет во земјава.

„Во нашето академско семејство, како и секое друго, за тоа да функционира, мора да има напредок, меѓусебно почитување, работа, взаемна соработка, морално и етичко однесување. Затоа, бидете добри студенти и успешни во струката“, нагласи ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски.

На универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ 7.000 студенти денеска ја почнаа академската кариера.

На почетокот на академската година универзитетите најавуваат зајакната меѓународна соработка како и следење на голбалните текови во образованието.

Утре е последниот ден од третиот уписен рок.

 

Лука Андреев