Јапонија ѝ изразува жалење на Кина поради насилниот упад на јапонски војник во кинеската амбасада
Ова доаѓа еден ден откако Кина упати протестна нота до Јапонија поради насилниот упад во кинеската амбасада во Токио и побара темелна истрага, казна за одговорните и објаснување за инцидентот...

Јапонија ѝ изразува жалење на Кина откако властите потврдија дека уапсиле јапонски војник под сомнение за нелегален влез во земјата. Ова доаѓа еден ден откако Кина упати протестна нота до Јапонија поради насилниот упад во кинеската амбасада во Токио и побара темелна истрага, казна за одговорните и објаснување за инцидентот.
„Овој инцидент сериозно го нарушува мирот во амбасадата. Уште еднаш ја повикуваме Јапонија веднаш да спроведе темелна истрага, строго да го казни сторителот и да ѝ даде одговорно објаснување на Кина“, порача Лин Џијан, портпаролот на МНР на Кина.
„Полицијата ќе продолжи да го истражува случајот. Веќе започна со спроведување на засилени безбедносни мерки, вклучително и зголемување на бројот на полицајци назначени да ја обезбедуваат кинеската амбасада во Токио. По исходот од истрагата, планираме да преземеме соодветни мерки“, изјави Минору Кихара, главен секретар на кабинетот на Јапонија.
Јапонските медиуми соопштија дека осомничениот бил приведен на лице место и предаден на полицијата во Токио за понатамошна истрага. Човекот наводно се искачил на ѕидот на амбасадата, а зад себе оставил нож.
