Македонија
Земјотрес почувствуван во Скопје
25.03.2026 12:34
Според првичните информации, потресот се случил во 12:05 часот по локално време, со епицентар на околу 14 километри источно од главниот град...

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Скопје.
Според првичните информации, потресот се случил во 12:05 часот по локално време, со епицентар на околу 14 километри источно од главниот град. Длабочината на земјотресот изнесувала околу 6 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, а граѓаните во делови од Скопје го почувствувале како слаб потрес.
