Подготвително рочиште по поднесеното обвинение за злоупотреби на пари од ИПАРД програмата
Во Кривичниот суд, подготвително рочиште по поднесеното обвинение за злоупотреби на пари од ИПАРД програмата. Во овој случај се гонат петмина – еден за давање поткуп и награда за противзаконско влијание, тројца за примање награда и еден за примање поткуп...

Во Кривичниот суд, подготвително рочиште по поднесеното обвинение за злоупотреби на пари од ИПАРД програмата. Во овој случај се гонат петмина – еден за давање поткуп и награда за противзаконско влијание, тројца за примање награда и еден за примање поткуп.
Првообвинет е управител на фирма, кој аплицирал на јавен повик на платежната агенција за средства од ИПАРД програмата. Не ги исполнувал условите, па со цел апликацијата неосновано да биде повисоко рангирана и да ги добие средствата, тој ветувал и давал пари.
Според Обвинителството, тогашниот директор на агенцијата, Илија Стоилев требало да добие 50 илјади евра, а уште тројца службеници по 5 илјади евра за да ја поминат апликацијата.
Скандалот резултираше со времено стопирање на плаќањата од ИПАРД 3 програмата.
