Владина реконструкција, се тресат функционерски фотелји
Некој ќе го ротира владиното столче во друго министерство, но дел од министрите ќе се збогуваат со „Илинденска“ број 2– потврдува премиерот Мицкоски. Дел од функционерите не го даваат својот максимум и затоа ќе бидат сменети...

Некој ќе го ротира владиното столче во друго министерство, но дел од министрите ќе се збогуваат со „Илинденска“ број 2– потврдува премиерот Мицкоски. Дел од функционерите не го даваат својот максимум и затоа ќе бидат сменети.
Истото важи и за поединци кои раководат со државни институции, кои како и министрите не се вложувала доволно или се однесуваат несоодветно – рече премиерот.
Во мај започнуваат разговорите меѓу владините партнери за најавената реконструкција која би требала да се случи најдоцна во јуни.
И додека Мицкоски посочува оти не ветува чуда, укажува дека повеќе нема простор за импровизации и репризи и оти мора да се испорачуваат резултати. Во реконструкцијата на владата нема место за нов политички субјект покрај ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“.
Миле А. Ристески
