Вечерва седница на Централниот одбор на СДСМ
На седница на Централниот одбор на СДСМ, вечерва ќе биде презентирана новата предлог-програма на партијата која содржи конкретни мерки и политики за граѓаните...

Вечерва седница на Централниот одбор на СДСМ, на која ќе биде презентирана новата предлог-програма на партијата која содржи конкретни мерки и политики за граѓаните – велат од партијата. Ќе се разговара и за планираните активности поврзани со претстојниот конгрес и меѓународната соработка со сестринските партии на СДСМ.
Пред Централниот одбор новата предлог програма ќе ја презентира претседателот на СДСМ, Венко Филипче, а се очекува истата да биде изгласана на партискиот конгрес во јуни.
Ден пред конгресот социјалдемократите ќе одржат состанок „скопска иницијатива“ со регионалните сестрински партии, со кои ќе потпишат заедничка платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупција и европска интеграција на регионот.
