Македонија

Зголем бројот на предмети по кои лани постапувала Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

25.03.2026 16:54

За 22 процента е зголем вкупниот број на предмети по кои лани постапувала Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Но, и за 30 проценти е зголемен бројот на пренесени предмети од една во друга година поради недостигот од вработени...

За 22 процента е зголем вкупниот број на предмети по кои лани постапувала Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Но, и за 30 проценти е зголемен бројот на пренесени предмети од една во друга година поради недостигот од вработени. Кај националната и етничка припадност, како и кај работните односи  најчесто има дискриминација.

Комисијата, покрај општи препораки има можност и за поведување прекршочна постапка. Пристапот на инфраструктурата во неформалите населби каде живее ромско население е една од препораките на комисијата.

Лани, во 56 случаи е утврдена дискриминација.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во 2025 година работеше на 559 предмети за заштита од дискриминација.

 

Ана Јосифоска