Армија

Претставени новите лесни оклопни возила

25.03.2026 17:39

Во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец претставени 17 нови лесни оклопни возила „Страјкер“ набавени од САД за опремување на македонската Армија.

Армијата доби 17 лесни пешадиски оклопни возила „Страјкер“ набавени од САД. Овие возила ја прават македонската армија прва во Европа која поседува вакви специфични борбени модели. Возилата се дел од модернизацијата на армијата и ќе бидат наменети за лесната пешадиска баталјонска група декларирана за НАТО операции.

САД остануваат со поддршка на модернизацијата на армијата како доверлив НАТО партнер, земјава најавува вложување во одбраната.

Според договорот меѓу македонската и американската влада, покрај лесните пешадиски оклопни возила „Страјкер“ набавени се и други лесни тактички возила, вкупно 96, коишто веќе се користат во Армијата.

Ирина Гелевска