Судски совет

Судски совет ја предложил судијката Мери Дика Георгиевска за нов член на Уставен суд

25.03.2026 19:32

Станува збор за искусен судија од Апелациониот суд во Скопје, која зад себе има долгогодишна кариера во правосудството...

Судски совет ја предложил судијката Мери Дика Георгиевска за нов член на Уставен суд. Станува збор за искусен судија од Апелациониот суд во Скопје, која зад себе има долгогодишна кариера во правосудството. Таа е дел од судскиот систем од 90-тите години, а во 2005 година е избрана за судија во Апелациониот суд, каде работи во граѓанската област.

Во својата кариера, Георгиевска била и член на Судскиот совет, а во изминатиот период ја извршуваше и функцијата претседател на Апелациониот суд во Скопје.

Предлогот доаѓа во рамки на постапката за пополнување на судиски места во Уставниот суд, институција која има клучна улога во заштитата на уставноста и законитоста во државата.