Временска прогноза
Облачно и релативно топло со сончеви периоди
26.03.2026 08:04
Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.
Во Скопје, променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
