Собрание

Пратенички прашања денеска во Собрание

26.03.2026 08:38

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.

Во Собранието денеска ќе се одржи 95. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.

Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.