КАРИПСКО МОРЕ
Американската војска изврши напад врз брод во Карипско Море
26.03.2026 18:57
Американската војска изврши напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа четири лица...

Администрацијата на Трамп продолжува со кампањата против трговијата со дрога во Латинска Америка. Американската војска изврши напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа четири лица. Јужната команда соопшти дека четворица машки нарко-терористи загинале во смртоносен напад, а бродот се движел по познати рути за трговија со наркотици.
Во слични акции во водите на Карибите од почетокот на септември се убиени 163 луѓе.
