Вашингтон тврди дека има разговори со Иран, Техеран демантира
Портпаролката на Белата куќа објави дека САД се блиску до остварување на клучните цели на операцијата „Епски бес“. Во согласност со претходните проценки за тоа ќе бидат потребни меѓу четири и шест недели. За можноста за завршување на војната, Левит нагласи дека претседателот Трамп сака мир, но и предупреди на можни понатамошни ескалации.

Портпаролката на Белата куќа објави дека САД се блиску до остварување на клучните цели на операцијата „Епски бес“. Во согласност со претходните проценки за тоа ќе бидат потребни меѓу четири и шест недели. За можноста за завршување на војната, Левит нагласи дека претседателот Трамп сака мир, но и предупреди на можни понатамошни ескалации. Изјавата следува откако САД му понуди на Иран план од 15 точки за крај на воените дејствија.
„Нема потреба од повеќе смрт и уништување. Но, ако Иран не успее да ја прифати реалноста на сегашниот момент, ако не успеат да разберат дека се воено поразени и дека ќе продолжат да бидат, претседателот ќе се погрижи да бидат погодени посилно од кога било досега. Трамп не блефира и е подготвен да направи пекол. Иран не треба повторно да погреши во пресметките. Нивната последна грешка во пресметките ги чинеше нивното високо раководство, нивната морнарица, нивните воздухопловни сили и нивниот систем за воздушна одбрана“, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа.
Сепак, шефот на иранската дипломатија вели дека земјата ќе продолжи да се брани и засега нема намера да преговара. Техеран претходно издаде пет услови, меѓу кои е и завршувањето на конфликтот на сите фронтови и исплата на репарации.
„Досега не се случиле никакви преговори. Со сигурност го кажувам ова дека немаме разговори и преговори со нашите американски колеги. Но, во текот на изминатите неколку дена, нашите американски колеги почнаа да испраќаат пораки преку други земји кои се наши пријатели. Ако има пораки преку други, на кои одговараме со наш сопствен став и барања, тоа не се нарекува разговор, ниту преговори, ниту нешто слично“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.
Во исто време, Израел ги продолжи нападите во Техеран и во Либан и објави дека не учествуваат во преговорите. Американската војска пак, се подготвува да распореди најмалку 1000 војници на Блискиот Исток во наредните денови.
