Зеленски: Трамп продолжува да избира стратегија за поголем притисок врз украинската страна.
САД ќе понудат безбедносни гаранции на Украина, под услов Киев да и го отстапи целиот Донбас на Русија, изјави украинскиот претседател. Зеленски вели дека поради војната на САД и Израел против Иран, Трамп врши притисок врз Украина што поскоро да ја заврши војната против Русија.

„Блискиот Исток дефинитивно има влијание врз претседателот Трамп и неговите следни чекори. Претседателот Трамп, за жал, според мене, продолжува да избира стратегија за поголем притисок врз украинската страна. Американците се подготвени да финализираат гаранции на високо ниво кога Украина ќе биде подготвена да се повлече од Донбас“, Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во меѓувреме, Европската комисија ја почна постапката за основање на Специјалниот трибунал за злосторството и агресијата против Украина. Телото ќе има мандат да ги гони врвните политички и воени лидери за кривично дело агресија, а се воспоставува во рамките на Советот на Европа.