кабинет

Средношколски дијалог со претседателката

26.03.2026 09:50

На настанот ќе учествуваат ученици од средно образование, кои заеднички со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе разговараат на повеќе теми коишто директно ги засегаат младите...

Во организација на Советот за млади при Кабинетот на претседателката, денеска ќе се одржи настан насловен „Средношколски дијалог со претседателката“.

На настанот ќе учествуваат ученици од средно образование, кои заеднички со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе разговараат на повеќе теми коишто директно ги засегаат младите: чувството на безбедност, како во училиштата, така и надвор од нив, медиумската писменост, зависностите и предизвиците со кои се соочуваат средношколците денес.