Играна серија
ВЕРА
Недела, 20:15
Оваа серија е шпионски трилер со елементи на мелодрама инспирирана од вистинската приказна за српската Мата Хара, Вера Пешиќ (1919–1944), шпионка од Втората светска војна. Ова е приказна за млада жена која не е само во канџите на воена шпионска мрежа, туку и на патријархалното општество на Балканот, полно со моќни, арогантни мажи со кои таа храбро и дрско се справува. Во лавиринтот на шпионски игри на Балканот, од Виена до Цариград, Вера Пешиќ преживува меѓу југословенски, германски и британски шпиони со двојни и тројни агенди, сама, без идеологија, но решена да се бори и да преживее.
Улоги: Јована Стојиљковиќ, Петар Зекавица, Тихомир Станиќ
Режија: Недељко Ковачиќ
