Минхен ќе се кандидира за домаќин на атлетското СП 2029 или 2031

26.03.2026 09:35

Атлетските натпреварувања би се одржале на Олимпискиот стадион, кој е изграден за Олимписките игри во 1972 година и во моментов е во процес на реновирање.

Mинхен ќе се кандидира за домаќин на Светското првенство во атлетика во 2029 или 2031 година, одлучи денеска советот на најголемиот град во Баварија.

Градските советници со огромно мнозинство гласаа за поднесување на документите за апликација, кои вклучуваат финансиски гаранции за еден од најголемите спортски настани во светот.

Атлетските натпреварувања би се одржале на Олимпискиот стадион, кој е изграден за Олимписките игри во 1972 година и во моментов е во процес на реновирање. Стадионот беше домаќин на Европското првенство во атлетика во 2002 и 2022 година.