Култура

Изложба на Жанета Вангели отворена во македонскиот КИЦ во Загреб

26.03.2026 18:41

Претседателката Сиљановска-Давкова ја отвори изложбата „Архивски документи“, потенцирајќи ја улогата на културната дипломатија.

Во македонскиот КИЦ во Загреб свечено беше отворена изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели, во присуство на бројни гости од дипломатскиот и културниот живот.

Изложбата ја отвори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која истакна дека делото на Вангели претставува значаен придонес кон европскиот културен простор и силна потврда за моќта на културната дипломатија.

Од КИЦ во Загреб посочија дека ваквите настани придонесуваат за зајакнување на соработката и пријателството меѓу народите, додека од Националната галерија нагласија дека станува збор за прв проект за 2026 година реализиран во странство.

Изложбата опфаќа 41 дело изработени во техника принт на плексиглас, со аудио придружба, и претставува прво претставување на Вангели пред хрватската публика. Поставката ќе биде отворена до 10 април, а проектот ќе продолжи како патувачка изложба во повеќе европски градови.