Македонија и Србија договорија заеднички амбасади
Освен на дипломатско ниво, има идеја Македонија и Србија како долгогодишни економски партнери заеднички да настапуваат на трети пазари...
Министрите Попоски и Дачиќ потпишаа спогодба за заедничко користење на Дипломатско-конзуларните претставништва во светот. Дополнително ќе се утврдува во кои држави ќе бидат.
Двајцата министри изјавија дека ова значи рационално дополнување на дипломатските мрежи.
„За време на нашата посета на Берлин кога се сретнавме со госпоѓата Меркел, шетајќи низ градот видовме една зграда на која висеа пет знамиња на пет нордиски држави, па рековме ако можат тоа да го прават најбогатите држави, зошто не и ние кои сме некаде меѓу најсиромашните“, изјави министерот за надоврешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Освен на дипломатско ниво, има идеја Македонија и Србија како долгогодишни економски партнери заеднички да настапуваат на трети пазари.
„Комитетот за економска соработка ќе се потрудиме да го активираме и динамизираме во следниот период. Имаме неколку договори во тој дел за развојот на туризмот, за Коридорот 10 и за целосно автопатско решение и унапредување на железничкото поврзување, но и за енергетското поврзување на двете земји“, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.
Политичките односи се добри. Приоритет и на двете двете земји е членството во ЕУ.
„Oвој регион неоправдано со години и децении е потценуван во однос на другите делови на Европа и затоа заслужува што поскоро да влезе во ЕУ“, потенцира министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
На средбата министрите разговарале и за одржување на втора седница на македонската и српската влада кој аовој пат треба да се одржи во Македонија.
Дачиќ се сретна и со претседателот Иванов и спикерот Вељаноски.
Наташа Гркова- Петрушевска
