Македонија

УХМР: Утре променливо време со дожд, снег на планините и посвеж викенд

26.03.2026 14:25

На повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре се очекуваат повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, со количина над 20 литри на квадратен метар, а можни се и ретки појави на грмежи. На повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи повторно се очекуваат од вторник.