Вила Водно

Средношколци на дијалог со претседателката Сиљановска - Давкова

26.03.2026 17:27

Вила „Водно“ денеска го смени ритамот: наместо протокол – глас на млади. Средношколци лице в лице со претседателката. Таа со едноставна порака: читајте, мислете, прашајте. Ги повика да и бидат чести гости за да разговараат за актуелни теми што ги засегаат...

Вила „Водно“ заличи на училница кога 40-тина средношколци од различни училишта, ја поздравија претседателката во еден глас …

Сиљановска-Давкова, поканила ученици за да разговараат на темите кои нив ги засегаат. Лице в лице со шефицата на државата.

Молчаливи, но не и збунети, збраните средношколци будно ги следеа пораките на претседателката која фокусот го стави на советите да читаат книги, оти како што рече, само така можат да станат луѓе со критичко размислување.

Ова е прва средба на Сиљановска-Давкова со средношколците, но како што вети, нивните средби ќе зачестат. Ги покани да бидат редовни гости во просторот на „Рекорд“ кој некогаш беше Народна канцеларија.

 

Катерина Топалова