Не се плаќа екотаксата

20.12.2013 23:03

За да се рециклира, отпадот треба да се селектира, за што, пак, се плаќа. непрофитните компании кои се занимаваат со управување, со отпад од пакување имаат проблем бидејќи немаат пари за вршење на својата дејност.

-Многу време губиме да објасниме кој е бенефитот од плаќање на екотаксата, прашањето е што добивам јас од тоа. Ние инвестираме пари во доделување урбана опрема и им даваме можност да го селектираат отпадот вели Љупчо Аврамовски, менаџер на Еуро -Екопак

За да се олесни процедурата, компаниите кои управуваат со отпад бараат еколошката такса да се плаќа преку ујп.

Идејата ни е сите компании да си најдат начин за селектирање на сопствениот амбалажен отпад и да го финансираат системот на собирање. За жал, сега не е така, изјави Филип Ивановски, управител на Пакомак.

Екотаксата ја плаќаат само 700 од 70.000 компании во земјава. Ја ескивираат големи компании. Ако Европска Унија ги обврзува земјите до 2020 година да рециклираат половина од отпадот,во Македонија сега се собираат и се обработуваат над 20 проценти од комуналниот смет.

Имаме една поголема заложба, да направиме капацитети за рециклирање. во моментов се рециклираат пластиката и хартијата. стаклото не го рециклираме во Македонија, го складираме, ниту го извезуваме. треба да се реши проблемот со стаклената амбалажа. појасни Стево Темелковски, заменик-министер за животна средина.

Секој човек во Македонија во просек годишно прави над 350 килограми отпад. Рециклирањето на која било суровина е потенцијал кој отвора нови работни места. Во Македонија нема податоци колку луѓе се вклучени во оваа дејност, во светот 1,5 милиони заработуваат од преработка на непотребното.

Наташа Јанчиќ