Трамп ја продолжи паузата за напади врз иранските енергетски објекти
Шефот на Белата куќа најави петдневна пауза до понеделник, но во објава на социјалните мрежи потенцира дека според барањето на иранската влада го паузира уништувањето на енергетските централи за 10 дена. Пакистан се стреми кон мир меѓу САД и Иран и е подготвен да биде домаќин на преговори, објавија властите.

Претседателот на САД дополнително ја продолжува паузата за нападите врз иранските енергетски објекти. Шефот на Белата куќа најави петдневна пауза до понеделник, но во објава на социјалните мрежи потенцира дека според барањето на иранската влада го паузира уништувањето на енергетските централи за 10 дена, до 6 април 2026 година, во 20 часот. Претходно, на состанокот на кабинетот Трамп рече дека САД ќе бидат најлошата ноќна мора за Иран ако не се согласат на мировен план.
„Тие молат да склучам договор, не јас. И секој што видел што се случува таму би разбрал зошто сакаат да склучат договор. Тие се многу паметни, всушност, на одреден начин, и се одлични преговарачи. Јас велам дека се лоши борци, но се одлични преговарачи“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
Пакистан се стреми кон мир меѓу САД и Иран и е подготвен да биде домаќин на преговори, објавија властите. Сепак нема потврда дека разговорите ќе се одржат во Исламабад, неделава.
„Без разлика во кој контекст ја ставате нашата улога, фактот останува дека се стремиме кон мир, се стремиме кон решавање на спорови, прекин на непријателствата“, Тахир Андраби, портпарол на МНР на Пакистан“, Тахир Андраби, портпарол на МНР на Пакистан.
Нападите во Израел, Иран и Либан продолжуваат. Две лица се убиени од остатоци од пресретната ракета во Абу Даби.
