Руско - украински конфликт

Европската унија е против територијални отстапки

27.03.2026 09:50

Во сенка на војните во Украина и на Блискиот Исток состанок на Г7. САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, се состанаа во близина на Версај, надвор од Париз. ЕУ со став, Украина не треба да прави територијални отстапки во корист на Русија поради притисокот на Вашингтон...

Во сенка на војните во Украина и на Блискиот Исток состанок на Г7. САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, се состанаа во близина на Версај, надвор од Париз. ЕУ со став, Украина не треба да прави територијални отстапки во корист на Русија поради притисокот на Вашингтон.

„Русија навистина се обидува да ги добие оние територии што не можела воено да ги освои 12 години, да ги стави сега на преговарачката маса. Ова е очигледно погрешен пристап. Секако, руската шема на преговори е да бараат нешто што никогаш не било нивно. И затоа, исто така, истакнуваме дека ова е стапица во која не сакаме да западнеме“, изјави Каја Калас, шефица за надворешна политика и безбедност на ЕУ.

Претседателот Зеленски во интервју за „Ројтерс“ наведе дека САД понудата за безбедносни гаранции ја условуваат со повлекување на украинските сили од Донбас. Украинскиот лидер вели дека трилатералната средба со Путин и Трамп е начин за постигнување мировен договор.

И додека дипломатијата стагнира, војната продолжува. Регистрирани нови напади и изминатото деноноќие.