Кумановски рибар починал од струен удар додека ловел риба

15.09.2014 20:44

Попладнево додека ловел риба на мостот на реката Којнарка кај Средорек, 49 годишниот кумановец Ивица Станојковиќ, починал од струен удар.Несреќата се случила кога јадицата му се заплеткала во жица од далновод и предизвикала удар кој го усмртил на лице место.
 
Мртвото тело покрај реката , заедно со заплетканата трска го пронашоле жителите од населбата Средорек и веднаш пријавиле во полиција. Кога дошла екипа на брза помош само констатирала смрт, а увидна екипа на СВР изврши место на несреќата.