Мадуро се појави пред судот во Њујорк
На рочиштето одбраната побара случајот да биде отфрлен, тврдејќи дека американската влада му ја попречува можноста на Мадуро да се брани, бидејќи не му дозволува соодветно финансирање на адвокатските трошоци...

Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес повторно се појавија во судот во Њујорк, откако беа уапсени во американска операција во Каракас на почетокот на годинава.
На рочиштето одбраната побара случајот да биде отфрлен, тврдејќи дека американската влада му ја попречува можноста на Мадуро да се брани, бидејќи не му дозволува соодветно финансирање на адвокатските трошоци.
Судијата, сепак, јасно стави до знаење дека предметот нема да биде отфрлен и најави дека ќе реши дали администрацијата на Трамп треба да и дозволи на Венецуела да ги покрие правните трошоци на Мадуро и Флорес.
Обвинителството, од своја страна, се спротивстави на тоа, тврдејќи дека двајцата го ограбувале богатството на Венецуела.
