Ограбена банка во Скопје, недостасуваат стотици илјади евра
Приведени се неколкумина, меѓу кои главниот на трезорските работи во банката и шефот на обезбедувањето на парите...

Стихијно ограбување на трезор на банка во Скопје. Недостасуваат стотици илјади евра. Парите не ги одзеле крадци однадвор, туку вработени.
Приведени се неколкумина, меѓу кои главниот на трезорските работи во банката и шефот на обезбедувањето на парите.
Наместо да ги полнат банкоматите, тие парите ги ставале в џеб, а заведувале дека се во банкоматите. Не биле оштетени штедачите, туку банката.
Откако им успеал првиот обид, извлекувањето на парите зачестило.
Од МВР велат дека допрва ќе се утврдува колку овие банкартски работници ќариле на овој начин.
Детали за исчезнувањето на парите полицијата најави за утре.
Наташа Гркова- Петрушевска
