Средба Муцунски-Лосон
Разговарале за конкретни чекори за продлабочување на соработката, со акцент на области од значење за економскиот развој, како инфраструктурата, образованието и здравството, како и други сегменти од заемен интерес.

Реализацијата на стратешкото партнерство и унапредувањето на односите меѓу двете земји во фокус на денешната средба шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон.
Како што објави министерот Муцунски на социјалните мрежи, со амбасадорот Лосон разговарале за конкретни чекори за продлабочување на соработката, со акцент на области од значење за економскиот развој, како инфраструктурата, образованието и здравството, како и други сегменти од заемен интерес.
Се осврнавме и на тековната динамика на билатералните односи, при што беше потврдена заедничката подготвеност за нивно понатамошно унапредување. Воедно, беа разменети ставови за актуелните геополитички предизвици, со особен фокус на состојбите на Блискиот Исток, соопшти Муцунски.
