Македонското јагне на европските трпези за Велигден
Преку 80 проценти од македонските јагниња веќе се извезени на европскиот пазар за велигденските празници. Цената, според сточарите е нешто пониска од очекувањата, но пријатно се изненадени што се бара поголемо јагне. Но, сточниот фонд рапидно паѓа и потребен е голем ценовен стимул за идни млади сточари.

Македонското јагне ќе се најде на европските трпези за Велигден. Преку 80 насто од јагнињата на располагање за откуп, се товарени и извезени во Хрватска, Италија, Албанија. Првпат по 15-тина години се бара потешко и поголемо јагне што им одговара на сточарите. Но, цената од 270 до 280 денари за килограм е пониска од очекуваните најмалку 300 денари.
Сточниот фонд константно се намалува, а цените не се стимул за младите да бидат идни одгледувачи на овци.
Сточарите очекуваат да им се платат и субвенциите за овци за минатата година.
Елизабета Митреска
