Закуп на земјиште со електронско надавање- доволно е да се јави само еден понудувач
Земјоделското земјиште поголемо од 10 хектари ќе се распределува со електронско надавање. На огласот доволно е да се јави и само еден понудувач...

Државното земјоделско земјиште поголемо од 10 хектари ќе се распределува на нов начин. Заинтересираните ќе учествуваат на електронското јавно наддавање со почетната цена по хектар.
За успешна постапка треба да има најмалку едно наддавање или се додека во рок од две минути има нова понуда. Тоа не може да е пократко од 15 минути.
На оглсот можат да се јават правни и физички лица со платени давачки кон Министерството и кон државата.
Идниот закупец треба да достави и бизнис-план, технологијата што ќе се применува, бројот на вработените, очекуваните економски резултати и банкарска гаранција.
Методија Трајков
