Поддршка за младите за социјално претприемништво
Младите мора да ја добијат сета поддршка од заедницата за да отворат свој бизнис во социјалното претприемништво. Ќе се вмрежат околу 1.000 млади во земјава.

Околу 1.000 млади од Македонија ќе бидат опфатени во вмрежување за да ја добијат сета поддршка за развој на своите бизниси во социјалното претприемништво. Досегашната практика покажува дека секоја институција или чинител во општеството неповрзано работат, а младите не добиваат сознанија и конкретен план за бизнис.
Имаме бројки за самовработување, тоа е добро, но не се знае што се случува понатаму со бизнисите. Битно е младите да знаат што значи социјално претприемништво, како се прави бизнис план и кои се потребите на заедницата од која доаѓаат.
Социјалното претприемништво не решава само социјален проблем, туку и создава бизнис битен за локалните економии.
Елзабета Митреска
