СДСМ

Лидерот на СДСМ ја претстави предлог–програмата на партијата

27.03.2026 17:16

Праведни даноци, силна економија и енергетска автономија, нулта корупција и реформа на јавните претпријатија, потврден македонски идентитет, мултилатерализам и безбедност, реформи во образованието, здравството, животната средина. Лидерот на СДСМ ја претстави предлог–програмата на партијата што треба да биде усвоена на претстојниот конгрес на 7-ми јуни, отворена за дебата.

Во програмата социјалдемократите забележале наместо пет, четири работни денови, за да се спречи масовното прегорување кај работниците. Македонија станала нација со најдолг работен циклус, време е за достоинствен живот.

Нудиме субвенции за сите компании кои ќе го тестираат овој модел на скратена работна недела. Фер плати и поголеми пензии, но и енергетска автономија и општество за еднакви граѓани. Првиот социјалдемократ Филипче најавува нула корупција во државата, констатирајќи дека правдата е заробена од центрите на моќ.

Владата не прави доволно за намалување на цените кои постојано растат. За три месеци социјалната кошничка поскапе за 2.500 денари вели Филипче. Апелира да се прифатат нивните мерки за намалување на акцизите и данокот на прехранбените производи.

Програмата на социјалдемократите сè уште е отворена за нови сугестии. Ќе биде изгласана на партискиот конгрес во јуни.

Миле А. Ристески