И покрај кризата, инвеститорите ќе вложуваат
Над половина од компаниите во зоните планираат раст, инвестиции и зголемен обем на работа. Од друга страна, зголемените трошоци и увозот на ѓубриво најавуваат нов ценовен притисок врз храната.

Компаниите се под силен притисок поради зголемените транспортни трошоци за 65 насто. Сепак, повеќе од половина од технолошко – индустриските зони се изјасниле дека ќе реинвестираат и ќе го зголемат обемот на работа. Ова се должи, како што велат на поволната бизнис-клима, ниските даноци, државната помош и продуктивноста.
Сè уште нема договор со клиентите, кој ќе ги плати зголемените трошоци за нивните производи. Велат, неизбежно е поскапување на прехранбените производи, бидејќи една третина од ѓубривото за земјоделството доаѓа од Блиски Исток.
Владата внимателно ја следи состојбата со цените на нафтата и најавува намалување на акцизата, доколку продолжи растот по истекот на тековната мерка за намалување на ДДВ-то.
Странските инвеститори договориле со Владата хармонизација на царинските стапки од први јули. Очекуваат поголема економска предвидливост, исполнување на договорените обврски во поглед на финансиската помош и еднаков третман на сите компании, работни дозволи за странци и намалување на корупцијата.
Александра Велинова
