Труење со храна

Неколку новозаболени и уште двајца хоспитализирани работници од РЕК

27.03.2026 17:34

Бројот на вработени во РЕК Битола кои со симптоми кои укажуваат на можно труење, откако консумирале храна во мензата, достигна 160. Тројца се хоспитализирани и се по лекарски надзор, во стабилна состојба, а бројот на лица кои се третираат на дневна болница достигна 60. Поголемиот број од пациентите заради дијареја, повраќање, се дехидрирани и потребна е нива рехидратација информира раководителот на инфективното одделение.

Расте бројот на работници од РЕК, со симптоми кои укажуваат на можна интоксикација со храна. Утрово на инфективното одделение помош побарале уште 4, со што бројот се искачи на 160. Тројца се хоспитализирани, а околу 60-на се лекуваат на дневна болница.

До одделението за епидемиологија при ЦЈЗ, пристигнати се 90 физички пријави за заразна болест труење со храна, од вработени во РЕК. Лабораториски се испитуваат 9 брисеви од персонал и 15 брисеви од површини во кујната, земени за време на инспекцискиот надзор.се очекуваат првичните резултати

По извршениот инспекциски надзор, од страна на ДЗСИ утврдени се неколку неправилности во работењето. Од АХВ информираат кујната ќе биде затворена, се до завршувањето на инспекциската постапка и добивање уредни наоди од лабораториските испитувања. Дополнително е наредено и вонредно чистење и дезинфекција како и вонредни санитарни прегледи за сите вработени.

Од АД ЕСМ и ЕСМ Молика во чија надлежност е кујната, во заедничко соопштение, посочуваат дека покрај вработените во рудникот, истата храна ја консумирале и вработените во „Термо“ каде што не се пројавени никакви симптоми.

Во однос на сомненијата за труење со храна во РЕК Битола, ОЈО Битола ги координира дејствијата за целосно расчистување на настанот.

Александра Максимовска