Совет на јавни обвинители

Вишото јавно обвинителство остана без шеф

27.03.2026 17:06

На седницата на Советот на јавни обивнители не беше избран шеф на Вишото скопско обвинителство. Ниту еден кандидат не ја доби поддршката од Советот. Ќе има нов оглас.

Обвинителката Ивана Трајчева која работеше на истрагата за полициските службеници за случајот „Пулс“, а која резултираше со три обвиненија не ја доби поддршката од Советот на јавни обвинители за да продолжи со работа во ОЈО ГОКК. Како што рече државниот обвинител Савески, на нејзино место ќе дојде друг обвинител што ќе го застапува обвинението пред суд, додека Трајчева ќе се врати на претходното работно место, во скопското обвинителство.

На огласот за работа во ОЈО ГОКК се пријавија осум обвинители, за пет испразнети места, но филтерот го минаа четворица, меѓу кои и обвинителката во предметот „Онкологија“.

На седницата не беше избран шеф на вишото скопско обвинителство. Ниту еден кандидат не ја доби поддршката од Советот. Ќе има нов оглас.

Прашан како го коментира повикот на премиерот од фиока да се извадат сите заостанати предмети, државниот обвинител рече дека нема да коментира политички изјави.

Мицкоски побара од Савески да го истражи случајот со бонусите во СЈО, но и да провери по кои докази се судело во случајот „27 април“.

Анита Димитријевска – Велковска