Весела математика во здравството на штета на пациентите
Од прекувремени часови, на некои лекари платата им стигнала до 12.000 евра. Некој прегледувал по еден пациент неделно, а друг по 100. Веселата математика во здравството е на штета на пациентите, признава и министерот Алиу.

Некои лекари се „преселиле“ на работното место. Од прекувремени часови, платата им стигнала до 12.000 евра. Анализата во ресорот покажува дека друга крајност – некој прегледувал по еден пациент неделно, а друг по 100. Веселата математика во здравството е на штета на пациентите, признава и министерот Алиу.
Со отпечаток од прст ќе се регистрира доаѓањето и заминувањето на здравствените работници, на две клиники веќе е тестиран системот, прво во Скопје, па во државата ќе биде ставен во употреба.
Министерот ќе проверува и колку лекарите од јавното здравство поминуваат време во приватното здравство.
Во декември лани, директорот на Фондот за здравство алармираше дека во јавното здравство се билдале платите спротивно на колективниот договор и законот.
Наташа Јанчиќ-Менковски
