Македонија
Од викендов почнува летното сметање на времето
28.03.2026 09:05
Оваа промена значи дека ќе спиеме еден час помалку, но од утре, деновите ќе бидат подолги и ќе имаме повеќе дневна светлина во попладневните часови.

Македонија преминува на летно сметање на времето. Стрелките на часовникот точно во 2 часот по полноќ ќе се поместат еден час напред, со што наместо 2, ќе се смета дека е 3 часот.
Оваа промена значи дека ќе спиеме еден час помалку, но од утре, деновите ќе бидат подолги и ќе имаме повеќе дневна светлина во попладневните часови.
Летното сметање на времето годинава ќе трае до 25-ти октомври.
Промената е во согласност со законските регулативи и европските директиви.
