Македонија

„Марш на ангелите“ во Кочани

28.03.2026 10:09

Од Здружението на граѓани „16-ти март 2025-та“ посочуваат дека секој чекор е глас за оние што ги нема, а засекогаш се со нас. Велат, ова е борба за вистината, за правдата и за никогаш да не се повтори.

За денеска во 16 часот и 5 минути во Кочани најавен е 39-тиот „Марш на ангелите“. Веќе познатата рута, стартува од Паркот на револуцијата.

Од Здружението на граѓани „16-ти март 2025-та“ посочуваат дека секој чекор е глас за оние што ги нема, а засекогаш се со нас. Велат, ова е борба за вистината, за правдата и за никогаш да не се повтори.

И денеска на маршот со истите барања-целосно расветлување на случајот и одговорност за системските пропусти кои дозволиле дискотеката да работи спротивно на безбедносните прописи. Трагедијата во „Пулс“ Кочани останува силна порака за потребата од строга примена на безбедносните стандарди во јавните објекти и одговорно постапување на институциите, потсетуваат од Здружението.