МВР

Убиен маж во Охрид, полицијата уапси жител на Брвеница осомничен дека го сторил делото

28.03.2026 09:25

Педесет и тригодишникот бил уапсен по претходно распишана централна потерница од охридскиот Сектор за внатрешни работи.

Тетовската полиција уапси жител на селото Брвеница кој се сомничи за убиство на 76-годишен охриѓанец, чие безживотно тело беше пронајдено во неговиот дом.

Педесет и тригодишникот бил уапсен по претходно распишана централна потерница од охридскиот Сектор за внатрешни работи.

Според деталите од МВР, вчера околу 8 часот во охридската полиција било пријавено дека во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во градот, без знаци на живот е пронајдено едно лице.

По целосното расчистување на случајот против жителот на тетовска Брвеница, кој се сомничи за убиството, ќе биде поднесена пријава.