Македонија и САД на 7-ми април во Вашингтон ќе одржат сесија на стратешки дијалог
Македонската делегација ќе ја предводи министерот Муцунски, а во неа ќе бидат и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.

Македонија и Соединетите Американски Држави на 7-ми април во Вашингтон ќе одржат сесија на стратешки дијалог, најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Македонската делегација ќе ја предводи лично тој, а во неа ќе бидат и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.
Најавата доаѓа во период на засилени контакти меѓу Скопје и Вашингтон.
Во февруари Белата Куќа соопшти дека САД и Северна Македонија постигнале рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со оценка дека тоа треба да ги продлабочи економските односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји.
