Војна
Иран нападна американска база во Саудиска Арабија, 12 ранети војници
28.03.2026 09:44
Нападот доаѓа во време кога Доналд Трамп испраќа двосмислени сигнали – од една страна најавува напредок во мировните преговори, а од друга засилува воено присуство во регионот.

Војната на Блискиот Исток влезе во петтата недела. Иран удри врз американска база во Саудиска Арабија. Имало 12-сетина ранети војници. Нападот бил комбиниран со ракети и дронови.
Нападот доаѓа во време кога Доналд Трамп испраќа двосмислени сигнали – од една страна најавува напредок во мировните преговори, а од друга засилува воено присуство во регионот.
Претходно Израел нападна нуклеарни постројки, електрана и челичарници. Иранските државни медиуми, соопштија дека немало испуштање радиоактивен материјал.
