Украина

Масовен руски напад врз Одеса

28.03.2026 11:16

Според украинските медиуми, во текот на ноќта руската војска започнала масовен напад со беспилотни летала врз Одеса, а пожари избувнале на неколку локации во градот.

Во руски напад врз цивилната инфраструктура во Одеса во текот на ноќта, најмалку едно лице е убиено, а 11 се повредени, вклучувајќи и едно дете, објави началникот на воената администрација на Одеса, Сергиј Лисак.

Според украинските медиуми, во текот на ноќта руската војска започнала масовен напад со беспилотни летала врз Одеса, а пожари избувнале на неколку локации во градот.

Во сенка на војните во Украина и на Блискиот Исток, се одржа состанокот на Г-7. Европската унија со став-Украина не треба да прави територијални отстапки на Русија поради притисокот од Вашингтон.