МВР

27 санкции во акциска контрола- едно лице приведено, одземено возило

28.03.2026 12:27

Во ноќна акциска контрола на Мобилната единица за сообраќај на подрачјето на Илинден, Гази Баба и Кисела Вода изречени се 27 мерки, приведено е едно лице, а одземено е и едно возило поради безобѕирно управување.

Во периодот од 21:00 до 03:00 часот на 27 кон 28 март, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот спроведе засилена контрола насочена кон санкционирање на возачи под дејство на алкохол. Алкотестирани биле 49 возачи, при што кај девет е утврдено присуство на алкохол, а еден одбил тестирање.

Покрај тоа, евидентирани се уште 12 сообраќајни прекршоци, а поднесени се и пет барања за прекршочна постапка против правни и одговорни лица. Едно лице е лишено од слобода и му е одземено возило поради управување под активна забрана, што претставува кривично дело.

Од МВР информираат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, особено да не управуваат возило под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.