Штип

Психолошка поддршка на онколошките пациенти

28.03.2026 13:32

Покрај онколошкиот третман, на пациентите со карцином им треба емоционална и психолошка поддршка. Во Штип Здружението „Лирас“ нуди бесплатна психолошка помош на лицата со карцином полесно и поефикасно да се соочат со болеста.

Десетмина штипјани кои минуваат низ најтешкиот здравствен предизвик, борбата со карцином, веќе се дел од групните психотерапевтските сесии кои ги реализира Здружението на психолози и психотерапевти „Лирас“ од Штип.

Науката вели дека лекувањето на карциномот може да биде отежнато заради психолошкиот товар кој болеста го носи. Онколошкиот третман е примарен, но не помалку важен е психолошкиот.

Според психолозите, групната поддршка за пациентите со карцином е важен чекор и во процесот на лекување и во процесот на рехабилитација. Здружението „Лирас“ работи со активни пациенти и со лица излекувани од карцином.

Славица Величковска