Регион

Невреме во Хрватска, властите со апел граѓаните да останат дома

28.03.2026 16:54

Повредени се неколку лица, а во Загреб се оштетени и згради.

Моќна бура ја погоди Хрватска. Повредени се неколку лица, а во Загреб се оштетени и згради. Властите со апел до граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

„За 24 часа имавме повеќе од 900 интервенции, а повеќе од 2.800 пожарникари се на терен. Најтешката ситуација е на подрачјето на Град Загреб, каде што сите 50 доброволни противпожарни одделенија се на терен, заедно со јавната противпожарна единица“, изјави Славко Туцаковиќ, главен командант на Противпожарната служба.

„Побаравме информации од сите организации во Град Загреб за да утврдиме дали имало дополнителни штети на други спортски објекти и откако ќе го имаме тој консолидиран список, ќе знаеме точно колку е обемна штетата“, рече Тончи Главина, министер за туризам и спорт.

Поради опасните временски услови, наставата во училиштата низ Хрватска е откажана.